Home » Историски успех за хрватската кинематографија: филмот „Човекот кој не можеше да молчи“ номиниран за Оскар

Историски успех за хрватската кинематографија: филмот „Човекот кој не можеше да молчи“ номиниран за Оскар

by culturalchat

Филмот во режија на Небојша Слијепчевиќ и продуциран од Катарина Прпиќ и Данијел Пек (Антиталент), „Човекот кој не можеше да молчи“, е номиниран за Оскар за најдобар краток филм, од страна на Американската академија за филмски уметности и науки, заедно со уште 4 филмови. Ова е првиот филм номиниран за Оскар од осамостојувањето на Хрватска.„Пресреќен сум што ја добивме номинацијата, но сепак ми е малку несфатливо. Веројатно нема целосно да разберам што направивме додека не ги спакуваме куферите за Лос Анџелес“, истакна режисерот во интервју за Хрватскиот аудио визуелен центар и додаде:„ Во текот на оваа долга кампања за Оскар, многу ми значеше исклучителната поддршка од целата филмска заедница. Затоа особено сакам да им се заблагодарам на сите наши филмаџии кои сесрдно не поддржаа, кои зборуваа за нашиот филм, споделуваа клипови од филмот на социјалните мрежи и ги поканија гласачите на АМПАС на нашите проекции”.„Со оваа номинација Небојша Слијепчевиќ и целата екипа на филмот „Човекот кој не можеше да молчи“ со златни букви ја запишаа Хрватска во историјата на светската кинематографија. Членовите на Американската академија го препознаа квалитетот и силниот авторски стил, како и важноста на темата што ја обработува филмот на Слијепчевиќ. Би сакал да се заблагодарам на неверојатниот труд што тимот на филмот го вложи во промоцијата на истиот во САД, во многу тешки и непредвидливи услови и чест ни е што имавме можност да помогнеме во целиот процес“, истакна директорот на Хрватскиот аудиовизуелен центар, Крис Марцич.

„Човекот кој не можеше да молчи“ беше квалификуван за номинација за Оскар благодарение на Златната палма што ја освои во Кан, како и Гран-прито што го освои на Меѓународниот филмски фестивал во Мелбурн и вклучувањето во изборот на фестивалот за краток филм во Менхетен.Во „борбата“ за номинација во категоријата краток игран филм се квалификуваа 180 наслови од целиот свет. За потсетување, филмот е добитник и на Европска филмска награда за најдобар краток филм.Филмот досега е прикажан на повеќе од 80 фестивали ширум светот, вклучувајќи ги Филмскиот фестивал во Торонто, Менхетен Шорт, PÖFF Shorts во Талин, Филмскиот фестивал во Стокхолм, Festival du Nouveau Cinéma и многу други. Покрај одличниот прием на светската филмска критика, се закити и со бројни награди на споменатите фестивали, како што се Гран при на Меѓународниот филмски фестивал во Мелбурн, наградата на публиката на меѓународниот фестивал Kurzfilmtage Winterthur, наградата за најдобар филм на Евробалканскиот филмски фестивал во Рим, најдобар актер (Горан Богдан) на Филмскиот фестивал во Сулмона (SIFF), најдобра фотографија (Грегор Божиќ) на фестивалот за краток филм во Букурешт и многу други. Тој исто така беше во трка за номинација за наградата Цезар, која ја доделува Француската академија за филмска уметност и техника. „Човекот кој не можеше да молчи “ е реализиран под покровителство на Антиталент, а продуценти се Катарина Прпиќ и Даниел Пек. Копродуценти се Катја Тричкова (Contrast Films, Бугарија) и Noëlle Lévénez (Les Films Norfolk, Франција), а копродуцент е Boštjan Virc (Studio Virc, Словенија). Церемонијата на доделување на Оскар се одржува на 3 март во Лос Анџелес.

Информации: Хрватски аудио визуелен центар

 

Related Articles