Home » Битолино, пет френдли фестивал

Битолино, пет френдли фестивал

by culturalchat

Деновиве во Битола е празник за децата, посебно оние вљубеници во театарската уметност. Интересни случки и мигови, а она што го привлече нашето внимание е учеството на едно пријателче на децата.

Имено додека траеше пробата за  една од театарските претстави, во Офицерскиот дом во Битола, на децата им се придружи малечко кученце. Дека фестивалот е пет френдли докажа и тоа што организаторите го оставија кучето да се дружи со дечињата и покажаа дека Битола е на ниво на светските фестивали каде животните се секогаш добредојдени, а неретко ги користат и во детските болници, за децата полесно да ги пребродат деновите таму.

Едукацијата започнува од најрана возраст, па така дечињата покрај запознавањето со театарската уметност, учеа и дека животните се пријатели на луѓето.

Битолино започна со театарската работилица која продолжува и во текот на утрешниот ден, а вечерта е резервирана за претставата „Јас Македонија“ во изведба на Театарската школа Бабец, со почеток од 19.30 часот, на платото пред Офицерскиот дом.

Браво Битолино.

Related Articles