Home » Битолската библиотека дел од „Придобивките од европските фондови и грантови“

Битолската библиотека дел од „Придобивките од европските фондови и грантови“

by culturalchat
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола беше дел од настанот „Придобивките од европските фондови и грантови“ во организација на општина Битола.
Дел од настанот беа наставниците и учениците од основните училишта: „Свети Климент Охридски“, „Стив Наумов“, „Ѓорги Сугарев“, „Даме Груев“, „Елпида Караманди“, „Александар Турунџев“ од с.Кукуречани, средношколците со своите професори од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и „Таки Даскало“, Здружението за развој на ромската заедница„Сумнал“ како и студенти и професори од Универзитетот „Свети Климент Охридски“.
Учесниците на настанот, низ презентации и штандови, ги претставија успешните приказни, резултатите и придобивките од реализираните проекти во повеќе области, финансирани од европските фондови. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајќи им за досегашните успеси и посакувајќи им многу нови проекти и позитивни искуства кои ќе можат да ги пренесат на своите соученици, како и активности низ кои ќе бидат директни учесници во создавањето подобри услови за младите кои живеат во општината и треба да останат да се едуцираат и работат во Битола.
Настанот беше дел од активностите кои општина Битола, ги организираше по повод одбележувањето на Денот на Европа.

Related Articles