Home » (Видео)„Имате навистина убава земја“, Fischermanns Orchestra на Џез фактори

(Видео)„Имате навистина убава земја“, Fischermanns Orchestra на Џез фактори

by culturalchat

Со настапот на Fischermanns Orchestra од Швајцарија започна годинешното јубилејно издание на Џез фактори фестивалот. Членовите на оркестарот самите се опишуваат како бенд на експлозивен уличен џез. Тие постојат од 2007 година и од тогаш настапуваат по европските сцени. Музиката на ансамблот ја оформуваат нејзините музичари, со современи импровизации кои го доближуваат звукот на Јужна Америка и Африка. После концертите во Италија, ја освоија и битолската публика која беше присутна во битолскиот театар.

Членовите на оркестарот задоволни од фестивалот, еве што изјавија дел од нив:

„ Јас сум басистот на овој оркестар и со нетрпение го очекував овој концерт во Битола, во оваа прекрасна театарска зграда. Мило ми е што можеме да го презентираме швајцарскиот џез на овој фестивал. Кај нас се случуваат многу работи на музичка сцена, има многу бендови, џез училишта, развој на џез сцената“.

„Свирам саксофон во оркестарот.Многу ни се доаѓа Македонија јас сум тука за прв пат и морам да истакнам дека планините ми се допаѓаат најмногу“.

„ Голема благодарност до Сашо за поканата, со него се запознавме пред две години на еден џез настан каде учествуваа музичари од целиот свет. Тогаш разговаравме и за Џез фактори фестивалот, и му кажав на Сашо следниот пат кога ќе се има можност би сакале да настапиме со нашиот оркестар на овој фестивал во Битола. И еве сега сме тука . Пред македонија имавме настапи во Италија и многу сум среќен што сме оркестарот кој го отвора јубилејното издание на Џез фактори фестивалот“.

Нивните настапи се аудио визуелни. Во нивниот оркестар има 11 музичари и изведуваат композиции од различни композитори кои имаат и различен стил на компонирање. Предизвикот кај нив е како да ги спојат различните музички жанрови и музички идентитети на членовите, и на крај имаат успешен резултат на една убава музичка симбиоза на сцена.

„Во швајцарската џез сцена имаме многу добри музичари. Убавината кога настапувате низ светот е запознавањето на различни луѓе, создавањето контакти на соработка како што ја реализиравме и оваа соработка со Џез фактори. Ова е нашата прва концертна тура низ светот после пандемискиот период. Досега имавме 15 светски тури, но за прв пат сме во Македонија“.

„Јас сум музичкиот директор на овој оркестар. Имавме интересно патување до овде, уживавме во пејсажите кои ни се пружаа од прозорецот. Ме потсетува на местото каде сум роден, а каде има планина. Навистина имате убава земја“.

За ова 5.издание во рамките на долгорочната идеја за фестивалот, организаторите сакаа истиот да го надмине регионалниот карактер и да имаат гости надвор од Балканот што и го реализираа. 9 изведувачки акти во главната и споредна програма се дел од годинешниот фестивал кој ќе се одржува до 9 ти јули. На ова издание покрај традиционалниот партнер НУ. Народен Театар каде се реализира најголемиот дел од настаните, организаторите промовираат и нова летна сцена во соработка со Културниот и Информативен Центар Битола (КИЦ) по моделот на големите европски фестивали. Со програмата фестивалот се доближува до програмите на европските џез фестивали во букирање на интернационални артисти кои се во зенитот на своите кариери, како и македонските артисти и два ДЏ сетови .Фестивалот се одржува со поддршка на општина Битола, Народниот Театар, Културно информативниот центар и асоцијацијата Мост од Будимпешта.

Фотографии:Даниел Ѓурчиновски

 

Related Articles