Home » Годишен концерт на АФ.Плетенка

Годишен концерт на АФ.Плетенка

by culturalchat

Асоцијацијата за фолклор Плетенка од Битола, на 11.06 ќе го одржи својот годишен концерт во Центарот за култура.

Пред посетителите, вљубениците во фолклорот ќе ги изведат: Преспанските игри, Битолско, Калајџиско оро, Малашевка, Водарки и други.

Оваа година АФ.Плетенка одбележува 21 година постоење. Асоцијација за фолклор „Плетенка” од  Битола е формирана со цел да се изучува, негува и презентира македонскиот фолклор и култура во земјата и во странство.

Главна цел е запознавање на помладите генерации за нашата традиција, нашите корени, нашиот ентитет, затоа што тоа е базата која го сочинува и карактеризира еден народ.

Концертот ќе се одржи со почеток во 19 часот.

Related Articles