Home » Доделени наградите на 56.издание на МТФ.Војдан Чернодрински

Доделени наградите на 56.издание на МТФ.Војдан Чернодрински

by culturalchat

На 56.издание на Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Битолскиот театар за изведбата на едно од најконтроверзните дела на Бертолт Брехт „АРТУРО УИ” освои најмногу награди.

Наградите ги додели градоначалникот на Прилеп Борче ЈовческиНаградата за режија се додели на Кендрим Ријани , награда за женска епизодна улога освои Викторија Степановска,  наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски“, отиде во рацете на Никола Пројчевски.

Награда за музика за Тимор Доми, награда за костимографија на Благој Мицевски.

„Уште еднаш благодарам до сите што учествуваа во реализацијата на претставата Артуро Уи, на организаторите на фестивалот, на прекрасната публика што секогаш ги полни салите во Прилеп и секако најмногу на жирито“, истакна Мицевски.

Прилепскиот театар доби две награди и тоа наградата за современа сценска драматизација отиде во рацете на Лидија Митовска Ѓорѓиевска за претставата „Декамерон“во режија на битолчанецот Мартин Кочовски, од која претстава Сара Спиркоска е наградена за најдобра млада актерка.

За најдобра претстава во целост, а во конкуренција од осум претстави, кои беа прикажани во текот на седумте фестивалски денови, едногласно беше избрана претставата „Народен непријател“, во изведба на МНТ. Оваа претстава се закити и со уште три награди, за најдобар актер за Никола Ристаноски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и за рекламен материјал на Димитар Димитров. Најдобра женска улога оствари Бедија Беговска во претставата „Вишновата градина“ на турски театар од Скопје. Актерот Хакан Даци е добитник на наградата „Трајко Чоревски“ за млад актер од претставата „Вишновата градина“ на Турскиот театар. За најдобар текст е награден Рефет Абази за текстот на истоимена претстава „Јазли“ во изведба на Албански театар од Скопје.

Оценувачката комисија беш е во состав Љупчо Ѓорѓиевски претседател и членовите Бесфорд Идризи и Сотир Трајков. Во чест на наградените беше изведена претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска, на Театар Комедија од Скопје.

 

Related Articles