Home » Драган Ристевски со признание за најдобар библиотекар

Драган Ристевски со признание за најдобар библиотекар

by culturalchat

Во НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје беа доделени признанијата „Библиотека на годината за 2022 година” од страна на Библиотекарскотото здружение на Македонија . Од категоријата средни училишта признанието го доби Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот м-р Драган Ристевски. Тој е дипломиран новинар-политиколог, вработен како библиотекар во Гимназијата „Јосип Броз Тито“.

„ Целосно и професионално бев посветен кон библиотекарската и педагошка дејност кон генерациите прекрасни читатели и мои ученици од Горната Гимназија. Токму тие ученици беа поттикот и мотивот што завршив магистратура од областа на надарени и талентирани на Педагошки факултет во Битола. Гимназијалците лесно ја препознаваа мојата посветеност за популаризација и развивање на љубовта кон книгата, а тоа може да се потврди со мојот личен однос и пристап кон нив, како и со десетиците изложби, промоции, драматизации и литературни читања организирани во Училишната библиотека. Секако, Библиотекар на годината за мене претставува големо признание кое библиотекарскиот еснаф“.

Комисијата беше во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули .

Признанието на Ристевски доаѓа како резултат на повеќегодишната посветена активност на планот на библиотекарската дејност во Училишната библиотека во Горната Гимназија во Битола.

 

 

 

 

Во категоријата основни училишта признанието го добива  Основното  училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; и во категоријата Национални установи признанието го добива НУУБ „Григор Прличев“ – Охрид, директорот Милчо Јовановски.

 

„Бидете пример и поттик за вашите колеги од оваа дејност.

Следната година очекуваме многу повеќе пријави во сите категории на библиотеки“, беше истаканато на манифестацијата.

 

Признанијата се доелуваат по повод Националниот празник Свети Климент Охридски..

Related Articles