Home » Женска клапа од Шолта, Хрватска за Денот на државноста на Хрватска во Битола

Женска клапа од Шолта, Хрватска за Денот на државноста на Хрватска во Битола

by culturalchat

Одбележувањето на Денот на државноста во Битола, во годината кога и Република Хрватска одбележува 30 години од меѓународното признавање и воспоставување дипломатски односи и членство во Обединетите нации, ќе се одржи во организација на МХД – Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ во Центарот за култура, а со концертот на женската клапа „Чувите“ од Шолта, Хрватска.

Во рамките на програмата ќе биде одржано и предавање за таткото на хрватската книжевност Марко Марулиќ и неговата поврзаност со островот Шолта, ќе зборува претставник од туристичката заедница. Од самите почетоци на своето постоење клапата „Чувите“  со своите сензибилни изведби привлекуваа внимание на љубителите на клапската песна и ја промовираа на хрватските и странските сцени. Со својот настап во 2002 година стануваат првата клапа од Шолта која учествува на фестивалот на далматински клапи во Омиш.

Со вредна и посветена работа и љубов кон клапската песна нижат успешни настапи и освојуваат престижни признанија и тоа на : Вечер на далматинска песна во Каштелите во Хрватска, фестивалот на клапи во Супетар, меѓунаодниот натпревар  на хорови во Верона, а круната на досегашното постоење  е освоената награда Златен штит на 46 от фестивал на клапи во Омиш и други.

Посетителите во Битола, ќе може да уживаат во песните што членовите на клапата ги избраа и ќе ги отпеат со душа со нивните прекрасни гласови. Програмата на Хрватскиот културен центар е направена да ја поттикне меѓународната јавност да се запознае со хрватското културно наследство, хрватскиот јазичен идентитет, хрватската песна. Културните посети и соработки траат повеќе години, односно над 25 години организирање изложби, концерти, театарски претстави, промоции на книги, предавања, се со цел да се претстави и запознае македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција.

Манифестацијата се одржува во соработка со Центарот за култура Битола, поддржана од Централниот државен уред за Хрватите кои живеат надвор од Р. Хрватска, Амбасадата на Р. Хрватска во Македонија, Министерството за култура на Р. Македонија, Општина Битола.

Како дел од програмата за посетителите во Центарот за култура членовите на женската клапа, подготвуваат изненадувње, изведба на македонски песни. Концертот е со почеток од 19.30 во Малата сала на Центарот за култура, на 4 ти јуни.

Related Articles