Home » Започнаа активностите за одбележување на роденденот на Битолската библиотека

Започнаа активностите за одбележување на роденденот на Битолската библиотека

by culturalchat
Оваа година НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола слави 78 години од нејзиното основање. По тој повод започнаа со низа активности.
Со торта и подароци, роденденот на библиотеката го прославија заедно со децата, родителите и професорките од Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје кои имаат дисперзирани паралелки во Битола.
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски по повод роденденот на библиотеката им подели на учениците материјали за работа и им посака да учат. Тој истакна дека библиотеката ќе биде нивен сојузник преку вклучување во различни активности на библиотеката, се со цел да им се олесни процесот на образование.
„Со искрени желби пеевме, другарувавме и се забавувавме со нашите нови другарчиња“, изјавија од библиотеката.
Оваа институција веќе започна со реализирање на проектот „Забавни креативни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ одобрен од Министерството за култура на Република Македонија во кој се вклучени децата од ова училиште.

Related Articles