Home » Започнува 8то по ред издание на Битола Шекспир фестивалот

Започнува 8то по ред издание на Битола Шекспир фестивалот

by culturalchat

По двегодишна пауза поради светската пандемија, оваа година ќе се одржи 8-от по ред “БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ” кој под мотото “THOUGHT IS FREE”, ќе живее 6 дена.

Фестивалот ќе трае од 25.06 до 30.06.2022г., а на сцената на Народниот театар – Битола посетителите ќе имаат уникатна можност да ги погледнат театрите од: Полска, Црна Гора, Албанија, Италија, Бугарија и секако Битолскиот театар, како домаќин на Фестивалот.

Честа да го отворат 8то по ред издание на БШФ им припадна на Драмскиот театар “Александар Вегиерко”, – Бјалисток, Полска со претставата “Макбет” – В. Шекспир во режија на Грегор Суски.
Изведбата на Драмскиот театар Александар Вегиерко во Бјалисток е заснована на класичен текст, барајќи механизми кои ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот. Шарени, интересни – понекогаш дури и сурови – женски ликови играат важна улога во постановката на Магбет во Бјалисток. Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но и ликовите на Вештерките се подеднакво важни. Тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – го тераат да разбере дека во него е она што всушност го нема …
Костимите во претставата се на Ана Чиж, а улогите ги толкуваат:
Макбет – Бернард Банија, Лејди Макбет – Јустина Годлевска-Кручковска, Макдaф – Кшиштоф Лавничак, Росе – Марек Тишкевич, Сејтон – Моника Заборска, Данкан, доктор – Славомир Поплавски, Банко, ѓавол – Пјотр Шековски, Вештерка – Агњешка Можејко-Шековска,
Вештерка – Беата Чичевска, Вештерка – Катарзина Сиергиеј, Вратар, Убиец, Бунтовник, Ѓавол – Гжегож Суски, Ѓавол, гостин на празникот крунисување – Камила Вробел-Малец, Дама – Катарзина Микиевич, Доналбејн, Убиец, Ѓавол – Давид Малек, Малколм, гостин на празникот на крунисувањето – Патрик Олџијевски, Хекате – Кристина Качпрович-Соколовска, Дете – Кацпер Вноровски.
Покрај официјалната програма, годинешното издание на фестивалот содржи и оф програма со промоции на книги и претстави.
Свеченото отворање на Фестивалот  е од 20 часот, Народен театар – Битола (главен влез).
Бидете дел од приказната наречена “Шекспир фестивал” во Битолски театар.

Related Articles