Home » Звезденото небо преку објективот на битолчанецот Јован Наумовски

Звезденото небо преку објективот на битолчанецот Јован Наумовски

by culturalchat

Битолчанецот Јован Наумовски, човекот кој со своите фотографии испишува несекојдневни приказни, архивира природни појави и настани на еден свој карактеристичен начин и овојпат инспириран од природата, направи прекрасни фотографии од звезденото небо.

Во периодот кога актуелни се фотографиите кои НАСА ги направи со новиот телескоп Џејмс Веб, од галаксиите какви што биле пред повеќе милијарди години, звезденото небо уште повеќе привлекува внимание.

Фотографиите на Јован се фотографирани кај Мијачко С.Железнец непосредно пред изгрев на месечината ,светлината по рабовите од планините е светлина од  месечината.

Местото е на надморска височина околу 720 м. Селото е познато по изворите на Црна Река, а воедно од 2004 година претставува заштитен споменик на културата, поради препознатливата архитектура присутна во селото и најзначајно дека во него се наоѓаат дел од  изворите на Црна река.

За Наумовски отсекогаш најинтересна  за фотографирање била природата и нејзините феномени.

„ Многу сакам да ја фотографирам и месечината, а тоа се циклуси кои си имаат свој тајминг на одвивање итн. така што ако еве да кажеме сакам да фотографирам еден залез на полна месечина, некогаш тоа налага и будење порано од обично , а тоа зборува дека нашиот род е толку мал во однос на законите на природата што во секој поглед мораме да се прилагодуваме на нив“, ни изјави Јован неодамна во едно интервју.

Иако фотографијата му е хоби, тој со својот фотоапарат често забележува појави и настани, фотографии кои се на исто рамниште со светските фото професионалци.Со фотографија се занимава повеќе години.  „Се започна со курс кој го организираше фото кино клубот во Битола , тоа беше курс за основи на фотографија и фотографирање . Потоа како и се така и оваа „зараза„ те влечи се повеќе и повеќе  и со секое ново искуство имаш еден куп прашања и идеи. Сепак тоа е еден начин на полнење на батерии кој навистина на сите кои имаат желба би им препорачал да го пробаат“.

Неговите фотографии може да ги погледнете и на неговиот инстаграм профил:

https://www.instagram.com/jovan_naumovski/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

 

 

 

 

 

Related Articles