Home » Изложбата„ Цртеж, графика и акварел“ на 13-ти во Битола

Изложбата„ Цртеж, графика и акварел“ на 13-ти во Битола

by culturalchat
Ликовната изложба на Друштвото на ликовни уметници ќе биде отворена на 13 октомври во 20 часот во изложбениот салон Магаза. Изложбата е насловена „Цртеж, графика и акварел“, а ќе бидат претставени 24 членови на ДЛУБ, со 40 уметнички дела.
Изложувачите, членови и гости на ДЛУБ се одликуваат со нагласена индивидуалност и тенденција кон самостојност кои во најмала рака придонесуваат кон севкупниот поетски впечаток за изложбата.
„Како заедничка одлика на сите дела, можеме да ја маркираме секогаш недовршената ликовна сентенца која го провоцира вниманието на публиката и ја згуснува атмосферата во просторот со своето присуство. Во квалитативно време пак, простум стои енклавата ДЛУБ,  доследна на својата традиција на иманентна партиципација во ликовниот живот на Македонија. Безмалку полувековното постоење на Друштвото е втемелено во стаменото свое минато, за нас, сѐ уште криптично, недоистражено, секогаш ново. Битолската ликовна свест условила афирмативен ликовен живот кој се одважил над тековниот позитивизам останувајќи верен на своите идеали“,  изјави Филип Иванишевиќ- историчар на уметност.
Изложбата е поддржана од Општина Битола и истата ќе биде поставена до 23 октомври.

Related Articles