Home » „Илинденски денови“ ја доби наградата „За најдобар настан на државна институција за 2022 година”

„Илинденски денови“ ја доби наградата „За најдобар настан на државна институција за 2022 година”

by culturalchat
Стручното жири од 20 членови на BEAM – Best Event Awards Macedonia и нивните организатори на фестивалот „Илинденски денови“ во организација на НУ. Центар за култура Битола  му додели: ,,Награда за најдобар настан на државна институција за 2022 година”. Само за потсетување 52. издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата понуди 13 фестивалски денови , во кои Битола стана една светска крстосница на култури, народи, бои, ритми, јазици, а секое ќоше на Широк сокак, Старата битолска чаршија, Хераклеа, градскиот парк, нудеа различни доживувања кои низ бројки и факти би изгледале вака: -61 настан во офф и генералната програма на фестивалот, -1.300 учесници и гости, -8 земји учеснички и тоа вкупно 36 ансамбли од кои 26 ансамбли од Македонија,останатите од Шпанија, Мексико, Колумбија, САД, Полска,  Италија, Србија, -3 паралелни сцени и целиот град претворен во отворена сцена за настап, -9 концерти на интернационалните ансамбли на платото на Офицерскиот дом Битола и на плоштадот Магнолија наречени -Фолклорна прошетка низ светот, -3 Целовечерни концерти и тоа: -Концерт на Ансаблот на македонски народни игри и песни ,,Танец” и Влатко Стефановски во Херајлеја, -Мултимедијален проект за градската култура-изложба и концерт во изведба на ансамбл Македонија Скопје, и Танцовиот театарски перформанс Популус на авторот Филип Петковски. Во рамките на официјалните вечери се :7 Изложби, неколку проекти од издавачка дејност, семинар на традиционална музика и игра, мастерклас на американски фолклор, детска ликовна работилница на тема Народната култура -трајна инспирација која траеше 3 дена , ја посетија над 50 деца, секојдневни дефилиња по Широк сокак од кои најголемо со 52 годишна традиција е дефилето на свеченото отворање кое Широк сокак го претвора во фолклорна разгледница. Фестивалот Илинденски денови стана организатор на Интернационалниот етнографски филмски фестивал, кој прикажа 11 филмски наслови од кои 6 беа долгометражни. Селектор на фестивалот е познатиот македонски новинар кој живее во Франција, Тони Гламчевски и кој заедно со својата сопруга таму организираат филмски фестивал кој ги надмина нивните национални граници. Оттука и сериозноста на овој проект, кој со таа поддршка оттаму, дава сериозни намери и за локалната домашна филмска продукција да го негува етно жанрот, зошто конечно истиот доби и свој фестивал. Фестивалот ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост на овој стар Фестивал. Мотото на фестивалот е оправдано • Од коренот до цветот• Ако во 1971 година идејата беше револуционерна за фестивалот, оттогаш до денес фестивалот има еволутивен тек и зад него стојат генерации на луѓе кои вградиле многу. Овој фестивал не е само фестивал во традиционална смисла на зборот, каде што некои мислат дека ќе дојдат, ќе заиграат и ќе заминат, овој е фестивал кој чува и поттикнува на истражување, инспирира, креира, едуцира и создава нови вредности. Заради сето  тоа денешната слика на фестивалот е прекрасен мозаик од традиција, која потекнува од корените и од цветовите кои што ги сочинуваат креативноста и луѓето од овој фестивал. Ова е фестивал кој привлекува публика не само од Битола и регионот, по него носталгично копнеат и нашите иселеници, за кои минатата година бепе ренесувана во живо на интернет атмосферата од Дефилето по Широк Сокак, свеченото отворање и затворање на фестивалот. Ова е фестивал кој потсетува дека културата е најголемиот амбасадор,  и ги надминува сите граници, јазични и религиски бариери, ова е фестивал со кој израснале генерации и генерации битолчани, фестивал кој ги надмина сите предизвици, вклучително и Корона предизвикот кога светот застана, но не и фестивалот. Се случувал и ќе се случува, затоа што кога се помислува на лето во Битола, во асоцијацијата нераскинливо се врзува и фестивалот Илинденски денови. На крај би констатирале дека 52 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри ,,Илинденски денови” отвори нови хоризонти за развој и афирмација, како и успешна презентација и заштита на меѓународното и домашното нематеријано културно наследство. Фестивалот е дел од годишната програма од национален интерес на Министерство за култура, своја поддршка добива и од општина Битола. Овој фестивал е дел Меѓународната организација на фолклорни фестивали-ЦИОФФ.

Related Articles