Home » „Као какао“ на Леб и сол после 35 години повторно на винил

„Као какао“ на Леб и сол после 35 години повторно на винил

by culturalchat
Македонската група „Леб и сол“ во 1987 година го издаде „Као какао“, едно од најзначајните музички дела во ексјугословенската дискографија. По 35 години, „Кроација рекордс“ повторно го објави на винил музичкиот бестселер. Албумот, кој остана неверојатно актуелен до ден-денес повторно е достапен во физичка форма на винил, режен со половина брзина (half speed-технологија), во студиото Abbey Road во Лондон. Освен Half- speed-мастерингот, направен од Мајлс Шоуел, изданието вклучува богата книга со фотографии од Георги Христовски, архивски фотографии од „Кроација рекордс“ и придружни текстови. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум. Иако беше издаден во 1987 година, бендот почна да експериментира со идеи за нов студиски албум неколку години порано. По албумите „Калабалак“ (1983) и „Тангента“ (1984), издадени за „Југотон’, следуваше „Звучни зид“ (1986), албум со песни што во меѓувреме беа напишани специјално за театар, филм и телевизијa. Групата, ќе признаат членовите, минуваше низ прилично кризен период од 1985 година, а евентуалниот неуспех на планираното студиско издание, секако, ќе означeше распад на уште еден рок-гигант. За да го максимизираат потенцијалот на новиот материјал, бендот во состав: Влатко Стефановски, Бодан Арсовски и Гарабет Тавитјан, одлучува да го покани младиот виртуоз на клавијатури Кирил Џајковски, кој станува постојан член, а покрај него, на снимањето се приклучуваат и саксофонистот Гоце Мицанов, пејачките Беби Дол и Ана Костовска, гајдашот Рони Ватен и перкусионистот Мишко Михајловски. Целиот материјал е снимен во познатото студио „М-2“ на Радио-телевизија Скопје, каде што, меѓу другите, снимаше и групата „Бјело дугме“. Албумот „Kao какao“ звучи неверојатно свежо концептуално и продукциски, па дури и според денешните продукциски стандарди е навистина извонреден албум. За звукот на овој албум, меѓу другите, беше задолжен и Братислав Зафировски, кој, освен за снимањето, беше заслужен и за миксот, а со Влатко и Бодан ја потпиша и продукцијата на „Као какао“. На плочата, која во 1999 година во Хрватска била прогласена како најуспешно ЦД-реиздание, се нашле девет вокални теми, од кои голем број станале хитови, какви што се „Скопје“, „Као какао“ и многу други. На овој проект се нашла и извонредната „Femme Fatale“ на хрватскиот кантавтор Арсен Дедиќ. Кон крајот на 1987 година на престижната југословенска манифестација Месам, „Као какао“ на „Леб и сол“ се закитила со три златни грамофони. Винилното реиздание на „Као какао“ фановите од Македонија можат да го нарачаат онлајн, преку веб-шопот на „Кроација рекордс“. Македонската џез-рок група „Леб и сол“ е формирана на 1 јануари 1976, од нејзините основачи Влатко Стефановски и Бодан Арсовски, претходни членови на групата „Брег“ со Мики Петковски, како и Никола Димушевски и Димитар Чочоровски. Со ова издание „Леб и сол“ го обезбеди статусот на еден од најголемите состави во историјата на нашите простори.

Related Articles