Home » Книга за албанската традиција и обичаи на Сибела Алимовска

Книга за албанската традиција и обичаи на Сибела Алимовска

by culturalchat

По повод 8 години постоење на здружението 22 неомври, Сибела Алимовска ја промовираше книгата „Оживување на изворната албанска традиција преку ора, песни, обичаи, легенди и традиции во Битола и околината.

Околу идејата за истата ни изјави:

„Долги години додека мојата прабаба беше жива често и зборуваше на мојата мајка: “Еден ден нема да ме има, ќе умрам  и ништо нема да биде пренесено од тоа што сум знаела и преживеала”, пишувај бидејќи никој нема да ти ги каже настаните од времето подобро од мене. Јас бев мала и љубопитна се да знам, а мајка ми ќе ми речеше “слушаја Фатиме и учи од неа бидејќи таа е во тие години денес е тука утре ќе ја нема”.

Сибела вели дека прво започнала да истражува за Битола и старите албански семејства за кои нејзината баба зборувала со восхит и ги величала, посебно семејствата Ќиријази и Џуглини со кои имала блиска комуникација.

„Кога зборуваше за традицијата и обичаите ја молев да се внесе за да ја доловам целата приказна и секој еден детал кои што претставува духовно и материјално етно фолклорно богатство. Го паметеше моментот на масовното иселување на голем број Албанци преку ноќ во Истанбул и Измир, и преку солзи горчливо  ја колнеше смислената политика на оние кои направија цели децении со очи да не се видат браќа, сестри, роднини. Секогаш ќе ми речеше “Како може да раскажува обичаии човек што никогаш не бил ниту на погреб ниту на свадба”,додава Сибела.

Баба и раскажувала за втората светска војна посебно моментот кога за прв пат го извадила нејзиното фереџе под команда на бугарската војска за да се слика откриена, чин кој со солзи го трансметирала поради тогашните околности и менталитет. „Говореше за сиромаштијата која никогаш никој не ја доживеал во Битола со храна и покрив над главата, раскажувајќи за капењето во полски тоалет со канече и чекајќи го редот за сув леб рано наутро. Бидејќи беше дете на богати родители кои уште во тоа време изразиле желба нејзината ќерка да напредува во знаењето повикале просветен работник таканаречен оџа- религиозно лице кое доаѓало во нејзиниот дом и со часови ја учел да пишува и чита со помош на единствениот учебник, светиот Куран“, раскажува Сибела.

Албанските семејства уживале во богати архитектонски градби за кои Евлија Челебија во неговата книга Сејахатнаме ги споменува како импозантни чии дворови бие рајски од посадените цветови насекаде во кој најмногу бил изразен белиот трендафил а луѓето биле облечени во скапи алишта.

Во книгата се опишани имињата на првите кројачи, шнајдерки, фризерки, пајтонџии, слаткари за кои Алимовска истражувала  теренски заедно со членовите на организацијата 22 Нентори и ги посетиле сите албански семејства во руралните средини каде што имале директен контакт со безброј албански жени кои до ден денес ја одржуваат традицијата на облекување посебно во вторник и петок кога е пазар во Битола може да се забележи фолклорната носија на жените од селото Острец, една и единствена зачувана од памтивек.

„Морам да признаам дека теренската работа не е лесна бидејќи се соочуваме со теренска непроодност на места кои егзистираат на географската мапа но физички нема присутност на просторот како во селото Злокуќани, Снегово и тн. со што останува да се собере материјал од лица кои некогаш живееле и твореле на ова подрачје кои за жал со текот на времето нивното сеќавање избледува а дел и веќе го напуштиле физички овој свет. Успеав да соберам елементи од носии и стомни од селото Лажец, Острец и Кишава, кои ги чувам со посебно внимание“, вели Сибела за теренските истражувања.

А тука се и анегдотите од истите:

„Бидејќи доста патувам и истражувам за албанскиот етникум во една прилика со мојата мајка отидовме во Истанбул и  бидејќи не зборуваме добро турски и велам на мајка ми да не се секира сите знаат албански, таа ги преврте очите, а јас на првиот минувач веќе му се обратив со што мајка ми онеме, а јас веќе го добив  мојот турски чај како награда за тоа што прозборев со човек битолчанец со албанско потекло од Битола кој триесет години живее со семејството и води кафетерија во Есенлер“.

Сибела успева да собере над стотина изворни песни, легенди, ритуали со природни билки, пагански обичаии и тн. Книгата содржи обилен материјал со доста податоци за која Алимовска верува дека ќе биде преведена на три јазици од кои македонски, турски и англиски јазик.

Успешното работење на Сибела и донесе пет книги – научно истражувачки дела и безброј реализирани проекти, настани и акции.

 

Здружението 22 ри ноември е основано  во 2014 во Битола со мисија и цел да ги обедини сите етнички заедници и во насока на будење на свеста во потрага по вистината за она што се нарекува култура и културен идентитет  во материјална и духовна форма.

„Кога сите најмалку веруваа дека може да опстане јас со сите мои сили и ноќи неспани ја кроев иднината на опстојување смислувајќи агенди за успешни состаноци внатре и надвор од државата за финансиска одржливост и развој и успеав да го задржам и воздигнам цели осум години, а притоа да добијам доверба и авторитет од луѓе за инвестирање на предлог проекти во образование, култура, здравство и  рурални средини делувајќи културно и паметно а воедно и симпатично поради деловниот свет чии машински процес на работа тоа го бара за време на преговори и склучување на договори“, вели Алимовска.

 

 

 

 

 

 

Related Articles