Home » Книжевен портрет на Јордан Плевнеш во Битола

Книжевен портрет на Јордан Плевнеш во Битола

by culturalchat

Во просториите на Битолската библиотека се одржа прекрасен книжевен портрет за Јордан Плевнеш.  Тој е поет, драматург и романсиер, амбасадор на нашата држава во Франција, Португалија и Шпанија.
Беседа одржа проф. д-р Кристина Николовска.

Таа истакна дека е свеченост да се говори за великанот Јордан Плевнеш. „Свеченост е да се слави грандиозникот на големиот македонски духовен и твроречки подвиг. Оној кој земјата и традицијата, речта и јазикот ни ги воскрена на највисоко“, рече таа и додаде дека тој е општественик, дипломат, амбасадор на нашата држава во Франција, Шпанија и Португалија, амбасадор на УНЕСКО, амбасадор на нашата култура, но и амбасадор на доброто, убавото, профаното. Афирматор на македонските, семакедонските вистини во светот. Добитник на многу престижни награди.

На крај беше истакнато дека Плевнеш е жител на светот, кој живее и твори и гласноговори и во Париз и во Скопје, но и низ метрополите на светот, бидејќи каде и да стапне со своите дела – сотворува културни престолнини. Така и од Скопје, Битола и Балканот возвиши светски театарски и уметнички метрополи.
Проф.д-р Христо Петрески, претседател на ДПМ, даде критичко есеистички осврт на ликот и делото на Плевнеш.

 

Related Articles