Home » Комичното шоу BANANA RESIDENT со Никола Тодороски дел од маратонот на комедијата

Комичното шоу BANANA RESIDENT со Никола Тодороски дел од маратонот на комедијата

by culturalchat

Охридскиот актер и стенд ап комичар Никола Тодороски со своето шоу на англиски јазик BANANA RESIDENT, на 24.07 ќе се претстави на маратонот на комедијата кој се одржува во Охрид. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува да заборавите на вашето секојдневие, па повторно да ве потсети на тоа и да се смеете сите заедно. Како бонус добивате и совети како да бидете голем патриот, љубовен татко/мајка, како да ја израдувате сопругата за 50 евра, како да преживеете лош ден, како да разговарате со тинејџер, а сепак да не скршите нешто и многу повеќе.

Никола се изјаснува дека не е македонски доселеник кој лукаво оди во некоја западна земја да им ги украде најлошите работни места. Не! Тој е актер/комичар кој отишол во комедија, крстоносна војна низ Европа, продавајќи билети на богатите, враќајќи ги парите во својата земја, уживајќи во ретките придобивки од инфлацијата и живеејќи таму како крал.

Никола Тодороски е роден во Охрид 1983 год. Има над 20 годишно искуство како актер и повеќе години работи како професионален стендап комичар. Во неговото портфолио се комичното интернет и тв шоу “Стендап Револуција“, сатиричното шоу “Министерство за Комедија“. Учествуваше во полуфиналето на светскиот натпревар “The Funniest Person in the World” во организација на познатиот клуб за стендап комедија “The Laugh factory”. Никола изведува над 150 шоуа годишно во земјава и пошироко. Покрај на македонски тој настапува и на англиски, српски, хрватски и бугарски јазик. Тој е еден од основачите наThe Comedy club Sofia. Работи како актер во Театарот во Охрид, како и на повеќе телевизиски и видео проекти.

Тука се и настапите во Лондон, во клубовите „Comedy store“, во Headliners comedy club и во Party&Peace клубот. Овие настапи како што има изјавено, резултираат со промени и во натамошниот тек на неговата кариера како стенд-ап комичар.

Настапувал и во Амстердам, Словенија, во познатото „Студио стенд-ап смијеха“ во Загреб. Тука вреди да се напоменат бројните негови настапи како стенд-ап комичар низ земјата, како и неколку настапи во „Универзалната сала“ во Скопје и други.

Шоуто ќе се одржи во Џез ин со почеток од 20 часот.

 

 

 

 

 

Related Articles