Home » Концерт во Палатата на уметноста на КУД.„Стив Наумов“

Концерт во Палатата на уметноста на КУД.„Стив Наумов“

by culturalchat

Во Палатата на културата Офицерскиот дом, се одржа концертот на битолскиот музички симбол, ансамблот кој веќе 75 г. е синоним за музичка и духовна култура на градот, расадник на музички таленти и чувар на традицијата, гордоста на Битола, КУД” Стив Наумов”.

После подолга пауза, поради пандемијата, на сцената се врати мешаниот хор при КУД “Стив Наумов”, кој изведуваше македонски световни и духовни теми и одбрани композиции од светски автори.
Со хорот сега работи проф.  диригент Лилјана Трајковска Димевски, која несебично ја пренесува целата љубов и познавање на хорската уметност.
Публиката уживаше во изведбите на хорот, а секако најголемата енергија се чувствуваше кај хористите кои многу го сакаат хорското пеење.
Водена од нивната енергија, желба и пред се голема љубов кон пеењето, диригентката успешно ја заврши својата мисија, ги постави во правите рамки на хорското пеење и заедно го дадоа најдоброто од себе на концертот.
Хорот продолжува со активности и во наредниот период, освежени и со голем елан продолжуваат да освојуваат сцени, во земјата и странство.
Концертот беше дел од летната културна понуда поддржана од Општина Битола.

Related Articles