Home » Концерт на Битолскиот симфониски оркестар во Битола

Концерт на Битолскиот симфониски оркестар во Битола

by culturalchat

Синоќа, во салата на Народниот театар во Битола, се одржа уште еден музички настан во рамките на Програмата за одбележување на 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Пред публиката,  по повеќе од една деценија, настапи Битолскиот симфониски оркестар. На програмата беа изведени дела од Бетовен, Шуберт, Хајдн и Елгар, а покрај битолските музичари, оркестарот беше надополнет со изведувачи од Србија. Како солист на виолончело настапи Милтијадис Касарас од Грција.

На концертот присуствуваше градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, како и генералниот конзул на Република Грција во Битола, Александрос Видурис.

Related Articles