Home » Краткиот филм „Ручек“ со две награди на фестивали во Турција

Краткиот филм „Ручек“ со две награди на фестивали во Турција

by culturalchat

Краткиот игран филм во режија на Бранко Попчевски ја доби наградата за најдобар креативен краток филм на филмскиот фестивал Халикарнасус во Бодрум и награда за најдобар експериментален краток филм на фестивалот Бест Истанбул Филм Фестивал.

Во филмот главната улога ја игра Тони Денковски.

„Овој филм немаше ни приближно да биде толку успешно дело без учество и поддршка од доајените на македонското глумиште: Гоце Тодоровски, Душица Стојановска, Крсте Јовановски, Александар Шехтански и Љупчо Ангеловски. Без врвните актери од младата и средна генерација: Зорица П. Панчиќ, Катерина Шехтанска, Елизабета Клинчаревска, Дарко Вељиќ, Мартин Минговски, Марко Богдановски и  Виктор Арсов. Без нашите пријатели Банкрот Блуз Бенд – Сашо Гигов Гиш, Игор Атанасовски Харе, Петар Ренџов, Билјана Бајевска и Невен Силјановски (Македонска опера) Сања Шуплевска (Македонска филхармонија). Без актерите натуршчици: Дана Силјан и Елена Ставреска ( Феи Лонг -Таи Чи Чуан клуб), Ана и Михаела Мазневи, Леонтина Димовска и Владимир Пуѓа. Огромно благодарност да сите нив за вложениот талент и љубов кон уметноста. Специјална благодарност до нашите доајени Ѓокица Лукаревски и Викторија Анѓушева за позајмените гласови“, стои во официјалното соопштение. 

Филмот е по сценарио на Бранко Попчевски, кој е и продуцент на филмот заедно со  Никола Китановски,  монтажа Ивана Попчевска, костимографија Раде Василев, шминка Игор Петрески, музика Бранко Попчевски.

Related Articles