Home » Културна агенда на КИЦ Битола за оваа недела

Културна агенда на КИЦ Битола за оваа недела

by culturalchat

Богатата програма на Културно информативниот центар продолжува и оваа недела. Веќе на 21-ви, со почеток од 19.часот, рецитал ќе одржат Верица Дивитарова на пијано и Валентин Наумов – виолина . Тие ќе изведат дела на Шуберт, Брамс, Франк.

Паралелно во киното Манаки започнува Четвртиот Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО, кој ќе се одржува до 23-ти од 11 до 19 часот. На 22-ри ќе се одржи во Офицерскиот дом ќе се одржи „Саем на креативни индустрии“ од 12 до 19 часот.

На 23-ти со почеток од 18 часот, ќе биде презентирана изложбата „Ѓуро Илиќ – 45 години творештво во боречките вештини “, која е во рамките на програмата на општина Битола за одбележување на Денот на ослободувањето на градот, 4-ти ноември.

На 24 – ти со почеток од 19 ч. во Офицерскиот дом – свечената сала, ќе биде одржан концертот „ Омаж на Брамс – 125 годишен јубилеј“, во организација на Здружение за македонско – германско пријателство и соработка  и  Здружение АРС АД АСТРА Битола. На истиот ќе настапат Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Маја Божиновска, Верица Дивитарова.

Во петок на 25-ти, во Офицерскиот дом, концерт ќе одржи КУД „Гоце Делчев“.

Related Articles