Home » Македонија дел од фестивалот „Крафт актери“ во Словенија

Македонија дел од фестивалот „Крафт актери“ во Словенија

by culturalchat

За прв пат на филмскиот фестивал „Крафт актери“ – KRAFFT Festival кој се одржа во Крањ од 16 до 19 јуни беше одржана и интернационалната програма ReActing as a Star која е посветена на поттикнување на вмрежувањето меѓу филмските и аудиовизуелните актери во регионот и зголемување на нивното присуство во европската филмска индустрија.

Како дел од програмските активности беше одржана работилница од Теона Митевска,  а присутни беа и македонската актерка Зорица Нушева, Тамара Ристовска, Сабина Мемеши, Џевдет Јашари, Киријана Николовска-кастинг директор, директорот на Агенција за филм и многу други. По одржувањето на работилницата Теона Митевска изјави: „Зошто не го направивме ова порано?! Но, како што вели познатата поговорка, никогаш не е доцна, а од тука сепак започна сè. Програмата е многу детална и интензивна, а говорниците пак се искусни и реномирани. Талентите се внимателно одбрани, сè се држи на многу висок стандард, а за крај, организаторите создадоа прекрасна атмосфера каде убавината не следеше насекаде!“

Програмата ReActing as a Star има за цел да помогне во  регионалната и интернационална промоција на актерските таленти а за време на тридневниот настан продефилираа голем број на познати актерски имиња, режисери  кастинг директори, агенти кои го споделија своето професионално искуство како експерти на тематски работилници.

Целта на фестивалот KRAFFT е да донесе извонредни глобални филмски и ТВ актерски достигнувања, талентирани, светски познати актери и врвни експерти во Крањ, централниот град Горењска, за да ги споделат своите приказни, знаења и искуства.

Ова е прв фестивал кој се фокусира на занаетот на актерството во аудиовизуелната рамка во регионот, давајќи му на KRAFFT единствен потенцијал за меѓународна соработка и видливост.Фестивалот е прво и основно празник, прослава; простор за размислување за завршената работа, за споделување експертиза и мислење; инкубатор за нови идеи и можност за дружење и поврзување.Со филмски проекции, предавања, разговори, панели, работилници и социјални настани, KRAFFT ја поканува и пошироката јавност и професионалците на фестивал на истражување и откривање на претходно непознати лични, професионални и социјални аспекти на актерството; на проширување на границите на познатото и прифатливото.Фестивалот е во продукција на Градската општина Крањ, Здружението на филмски актери на Словенија (ДСИ), Завод за туризам во култура Крањ и Завод Царница, заедно со поддршката од Словенечкиот филмски центар (СФЦ) и АИПА, К.О. (Организацијата за колективно спроведување и обезбедување на правата на авторите, изведувачите и продуцентите на аудио-визуелни дела).

 

 

 

 

Related Articles