Home » Македоннскиот филм „Проблемот на Тина„ најдобар на фестивал во Турција

Македоннскиот филм „Проблемот на Тина„ најдобар на фестивал во Турција

by culturalchat

Во интернационална категорија за краток филм на 8.издание на филмскиот фестивал Балкан панорама, наградата за најдобар филм ја понесе македонскиот „Проблемот на Тина“, во режија на Радован Петровиќ. Во истиот играат: Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицевска-Трајковиќ. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Покрај него македонската актерка Наташа Петровиќ за улогата во филмот „Хомо“ на Игор Иванов, ја понесе улогата за најдобра актерка.

Режисерот Петровиќ беше лично присутен на фестивалот и ја подигна наградата, а во име на актерката Петровиќ наградата ја подигна продуцентот Томи Салковски.

Официјалната награда Жолт чадор, беше доделена во 11 категории.

Фестивалот е во организација на oпштина Буча, поддржан од Министерството за култура и туризам на Турција и општина Измир, а се одржуваше од 21-27 мaj.

Related Articles