Home » Македонска премиера на словенечкиот филм со Јелена Јованова и Сашко Коцев

Македонска премиера на словенечкиот филм со Јелена Јованова и Сашко Коцев

by culturalchat
Македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова се главните ѕвезди на словенечката комедија „Нешто слатко“ („Nekaj Sladkega“), чија светска премиера се одржа во киното Синеплекс во Љубљана, Словенија, а македонската викендов во Скопје. Познати актерски имиња, љубители на филмската уметност и поддржувачи на независниот филм,  беа на македонската премиера .Коцев е копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е копродуцент од Хрватскa. Филмот е во режија, продукција и сценарио на словенечкиот стендап комичар Тин Водопивец. Филмот е приказна за познат македонски маркетинг гуру Аце Мајсторовски, кој добива покана да гостува во Словенија, а во меѓувреме го пропушта летот и од тој момент започнуваат комичните сцени во „Нешто слатко“. Сашко Коцев игра две улоги, како маркетинг гуру, Аце Мајсторовски и шанкерот Гоги. Ова е прв филм жанровска комедија за Коцев кој признава дека воопшто не било лесно да го направи. Јелена Јованова или Каја е одговорна за проектот, односно гостувањето на Мајсторовски во Словенија, тоа е проект со кој треба да си ја спаси кариерата. Улогата била првично напишана за Словенка, но поради краткото време што го имале за адаптација, избрале улогата да биде Хрватица која кратко време живее и работи во Љубљана. По проекцијата на филмот публиката задоволна, насмеана, аплаудираше за екипата заслужна за филмот кој зборува за првата и последната шанса во животот на еден човек. Македонски партнер е „Процес К продукција“ Филмот се снимаше во 2021 година. Трејлерот од филмот во продолжение

Related Articles