Home » Меморандум на соработка помеѓу Битолската библиотека и ЗОО Битола

Меморандум на соработка помеѓу Битолската библиотека и ЗОО Битола

by culturalchat

Во рамките на одбележување на 22-ри мај, Светскиот ден на биолошката разновидност, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола,  м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката  Елена Мирчевска од ОЈУ Зоолошка градина – Битола.

Целта на меморандумот е взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието, културата и билошката разновидност; учество, соработка и реализација на заеднички проекти; одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.,  работилници за едукација за грижата за животните; читање на приказни со тема за животни и многу други активности поврзани со читање на книги и животни.

Наскоро следува нова активност – во која сите читатели од Битолската библиотека ќе уживаат со книги во ЗОО Битола.

 

Related Articles