Home » Месец на македонски филмови во Центарот за култура

Месец на македонски филмови во Центарот за култура

by culturalchat
Во роденденскиот месец на НУ Центар за култура Битола и 3Д Кино Битола, фокусот е ставен на македонската кинематографија. Ќе  бидат прикажани најновите филмови на четворица режисери: Кристијан Ристески, Саша Станишиќ, Илија Павлов и Даријан Пејовски.
„Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески- филмот кој својата светска премиера ја имаше на американскиот филмски фестивал „Слемденс“ и кој доби пофални критики во престижните филмски списанија Варајети,  Холивуд Рипортер, Скрин Дејли и други, а македонската премиера беше на свеченото затворање на ИФФК „Браќа Манаки“, се прикажуваше од 07 до 12 октомври во 3Д Кино Битола. „Тотално различен македонски филм“ е впечатокот на публиката, па поради интересот кај публиката ќе има дополнителни проекции од 25ти октомври.
Краткометражниот филм „ПС Бусан“ на режисерот Саша Станишиќ ќе се прикажува во малата сала на 14 и 15 октомври во 20.00 ч.  Станува збор за филм во јужно-корејска продукција којшто Станишиќ го направи за време на неговиот тринеделен резиденцијален престој во Бусан во 2019 година. Филмот е сниман на корејски јазик со целосно корејска екипа. Директор на фотографија е Чои Вонук, монтажер Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.е Чои Вонук, монтажер Ли Дон Мин, музиката е на Васана, а главните улоги ги толкуваат Ким Мин Ву, Парк Хо Чен, Џеонг Џи Јанг.
„Гласот на тишината“ (Rebirth: voice of silence) на режисерот Илија Павлов ќе биде прикажан во малата сала на 14 и 15 октомври во 20.10 ч. „Две прашања: Сами сме во универзумот или не? И двата одговори се подеднакво застрашувашки.“
  Најновиот филм на режисерот Даријан Пејовски „Мими“ ќе се прикажува од 28ми октомври во големата сала. „Мими“ е психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди во родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Тука се запознава со Сара и помеѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други.

Related Articles