Home » „Месечина“-нов видео запис на Код 369

„Месечина“-нов видео запис на Код 369

by culturalchat

„Нашата музика ги изразува турбуленциите на емоциите. Текстовите ја величаат љубовта на далечина. Тие се сага и инспирација за секој уметник кој сака слободно да ги создава своите дела и да ја сподели својата креативна моќ за доброто на сите. Во време на сериозна закана за општеството и човештвото воопшто, уметноста се чини дека го губи своето значење и, ако не е излишна, тогаш барем е на некој начин занемарена. Ако постои нешто што навистина ги поврзува сите луѓе, тоа е уметност“, вака го започнаа разговорот со нас членовите на КОД 369 кои неодамна го промовираа својот нов видео запис со наслов „Месечина“.

Музиката е на Даниел Митревски, а текстот на Ирена Димовска.За аранжманот се погрижија Даниел, Иле Лулевски и Коста Стевановски, за видео продукцијата: Дејан Трајчевски, Encore Media Production.

Имено тие во јуни 2021 година, потпишаа ексклузивен издавачки договор со најголемата издавачка куќа во регионот – Кроација рекордс. Првиот сингл што го снимија на хрватски се вика „Љубов“ ( Ljubav). Зборува за безвременоста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста. За вториот сингл на хрватски изјавија:

„ Како и целата наша музика, така и „Месечина“ (Mjesecina) е тема која произлегува од нашите срца и емоции. Тоа е вториот сингл на хрватски јазик, кој зборува за искрениот порив на секое човечко суштество да ги постигне и надмине личните и општествените очекувања со инспирација и трудољубивост“.

„Гледајте кон Месечината со КОД 369. Со уникатен израз помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, КОД уште еднаш ги воодушевија слушателите со авангардни идеи од прва категорија“, истакнуваат од Кроација рекордс.

 

Во моментов работат и на нов материјал за албумот.

„Есенско-зимскиот период е одличен за гледање на внатрешните чувства, самопрепознавање и е идеален за творење за сите уметници, а особено за музичари, бидејќи тогаш се помалку на сцена, а повеќе во студио.Се чувствуваме исполнети со многу идеи за нашиот нов албум кој ќе биде целосно готов до на пролет. Дотогаш ќе објавиме уште два сингла, од кои едниот ќе биде на хрватски и еден на македонски јазик“.

Во претстојниот период ги очекуваат и бројни фестивали и концерти во Македонија и регионот, а наскоро ги очекува и учество на еден од фестивалите во организација на Кроација рекордс,  како и други музички настани.

Во продолжение слушнете го најновиот сингл „Месечина“.

Streaming: https://ampl.ink/Mjesecina

 

 

 

Related Articles