Home » „Мистеро Буфо“ од Загреб на сцената на Фестивалот на монодрама во Битола

„Мистеро Буфо“ од Загреб на сцената на Фестивалот на монодрама во Битола

by culturalchat
Последната изведена претстава во конуренција на 24.издание на Фестивалот на монодрама во Битола беше претставата „Мистеро Буфо“ на Театар Група, Загреб, Хрватска, во копродукција со Трико Циркус Театар. Оваа претстава е работена по делото  на Дарио Фо, во режија на Ли Делонг и во изведба на актерот Дражен Шивак.Тој е мајстор на уметноста, приврзаник на театарската игра. Подговен за многу театарски техники во исто време, вистинити, потресни, смешни, цинични, самоцинични и пред се храбри. Виртуозното парче „Мистеро Буфо“ е парче кое всушност содржи свој трагичен аспект. Претставата луцидно и бескомпромисно го сецира односот меѓу обичните луѓе и авторитетот, разоткривајќи го лицемерието и човечката потреба да ја префрли одговорноста на другите.Сепак, мешањето на бесниот финален формат со шармантната глума и проекцијата на претставата за животот надвор од театарската табла значи дека хуморот сè уште преовладува. Дражен Шивак (заедно со своите соработници) докажа дека кловнот воопшто не е наивно сценско решение, но дека во многу концепти совршено одговара на впечатокот и пораката што публиката треба да ги носи дома. Поради својата детска интелегенција, кловнот е покорен во однос на публиката, а притоа секогаш е чекор понапред од нив. Исто така, во таква атмосфера неизбежен е автоматскиот фитбек до изведувачите, бидејќи реакцијата на изгледот на кловнот гарантирано нема да пропадне. Актерот Шивак и режисерот Ли Делонг, меѓу деветте монолози на Фо, избраа три кои најдобро го прикажуваат гневот на „малиот човек“ изложен на владеечкиот систем. Оваа драма, напишана на јазикот џибриш  е претходник на наративниот театар и еден од резултатите на Фо  за заживувањето на комедијата дел’арте.Моќта на оваа изведба лежи во постојано присутниот ефект „актерот е тука“. Шивак маестрално го задржа вниманието на публиката. Непознатото и екстравагантното секогаш предизвикуваат внимателно набљудување, а техниката на кловн заедно со силниот интелектуално-креативен столб е идеално средство да се дојде до крај со текстуално богата и физички напорна комедија. Оваа претстава е една од најнаградуваните во Хрватска:
  • Награда Златна маска за најдобар актер, фестивал Арт Трема, Рума, 2019 година,
  • Специјална награда од жирито, Фестивал на мали сцени и монодрами, Сараево, 2019 година,
  • Награда од публика, фестивал TIFBU, Бугојно, 2019 година,
  • Награда за најдобра машка улога „Младен Црнобрња Гумбек“, Денови на сатирата, Загреб, 2020 година,
  • Награда за најдобра монодрама, Фестивал на монодрама, Крапинске топлице, 2020 година,
  • Голема награда, Be:femon – фестивал на монодрама, Бечеј, 2020 година.
Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски  

Related Articles