Home » Музиката на Џајковски од филмот „Piargy” на дигиталните платформи

Музиката на Џајковски од филмот „Piargy” на дигиталните платформи

by culturalchat
По успешната соработка на филмот „Големата вода“, композиторот Кирил Џајковски повторно работеше на музика за филм на режисерот Иво Трајков. Станува збор за неговото најново остварување наречено “Piargy”, впечатливо кинематографско дело работено во црно-бела техника. Иако не помина многу време откако филмот го започна својот фестивалски живот, тој веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го опишува како исклучително дело. Последно во низата признанија што “Piargy” ги доби е вклучувањето на филмот во трката за годишните награди на Словачката Академија за Филм и Телевизија, на кои оваа година филмот на Трајков е номиниран дури во шеснаесет категории, вклучувајќи ја и категоријата за најдобра музика. “Piargy” ќе ја има својата македонска премиера во јуни, а албумот со музиката од филмот веќе може да се слуша и даунлоадира од сите дигитални музички сервиси. Филтер Лабел продолжува со објавување на изданија од серијалот филмска и театарска музика па така и овој пат продолжи со музиката создадена од еден од нашите најплодни и меѓународно најуспешни современи композитори, Кирил Џајковски. Директни линкови до изданието на некои од најпопуларните платформи може да најдете на следната адреса https://filterlabel.streamlink.to/piargy Паралелно со музичкото издание, објавени се и неколку официјални музички спотови.

Related Articles