Home » Мурал на Малиот принц во ООУ.Гоце Делчев-Демир Хисар

Мурал на Малиот принц во ООУ.Гоце Делчев-Демир Хисар

by culturalchat

Секое читање на приказната за Малиот Принц, за настаните, чувствата и фактите, кои често не ги забележуваме и не ги цениме, не тераат да размислиме за многу работи,па дури и да ги промениме нашите ставови и често делуваат инспиративно за уметниците.

,,Еве ја мојата мала тајна. Многу е едноставна : вистината се гледа само со срцето.Суштината е невидлива за очите”.Токму од приказната за Малиот принц, потекна идејата да се наслика еден од ходниците во ООУ.Гоце Делчев, Демир Хисар, во соработка со стручниот актив по одделенска настава, ликовниот педагог Дијана Колонџоска и талентираната ученичка Симона Бојаџиева од VIII-a одд. Ликовното изразување беше под формата на мурал -сликарство.

Така оваа наставна година училиштето ја завршува во служба на креативноста и естетиката како наука за убавото.

,,Пустината е убава ,бидејќи крие некаде бунар “, е уште еден дел од Малиот Принц.

Претходно ликовниот педагог Колонџоска во рамките на конкурсот “Цртај на Македонски јазик”, заедно со учениците од СОУ “Крсте Петков Мисирков” го насликаа муаролот на Домот на културата ,,Илинден’’ – Демир Хисар посветен на Петре М. Андреевски.

Related Articles