Home » Најновото стендап шоу на Никола Тодороски и во Битола

Најновото стендап шоу на Никола Тодороски и во Битола

by culturalchat

Најновото стендап шоу на актерот Никола Тодороски и пред битолската публика. Се работи за шоуто Да БолиТ, кое Никола ќе го изведе на 28-ми октомври во Битолскиот театар.

…Во секоја секунда од секој ден на секого му се случува нешто Да БолиТ. Си се споредил со некој подобар – Да БолиТ.

Другарка ти се мажила ти не – Да БолиТ.

Другар ти замина странство ти не – Да БолиТ.

Ти замина странство другар ти не – Да БолиТ.

Уште живејш со родители и сите дома вкупно имате 1947 години – Да БолиТ.

Михаела имат поубо точаче – Да БолиТ.

Ти слушаш метал комшијата Аца Лукас – Да БолиТ.

Новото шоу на Коле “Да БолиТ“ – во стомачните!

Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува да заборавите на вашето секојдневие, па повторно да ве потсети на тоа и да се смеете сите заедно.

Никола Тодороски е роден во Охрид 1983 год. Има над 20 годишно искуство како актер и повеќе години работи како професионален стендап комичар. Во неговото портфолио се комичното интернет и тв шоу “Стендап Револуција“, сатиричното шоу “Министерство за Комедија“. Учествуваше во полуфиналето на светскиот натпревар “The Funniest Person in the World” во организација на познатиот клуб за стендап комедија “The Laugh factory”. Никола изведува над 150 шоуа годишно во земјава и пошироко. Покрај на македонски тој настапува и на англиски, српски, хрватски и бугарски јазик. Тој е еден од основачите наThe Comedy club Sofia. Работи како актер во Театарот во Охрид, како и на повеќе телевизиски и видео проекти.

Тука се и настапите во Лондон, во клубовите „Comedy store“, во Headliners comedy club и во Party&Peace клубот. Овие настапи како што има изјавено, резултираат со промени и во натамошниот тек на неговата кариера како стенд-ап комичар. Настапувал и во Амстердам, Словенија, во познатото „Студио стенд-ап смијеха“ во Загреб. Тука вреди да се напоменат бројните негови настапи како стенд-ап комичар низ земјата, како и неколку настапи во „Универзалната сала“ во Скопје и други.

Билети на касата при театарот. Резервации на билети на социјалните мрежи на НУ Народен Театар Битола .

Шоуто ќе се одржи со почеток од 20 часот.

 

 

 

 

Related Articles