Home » “Ова не е крај”-најнова песна на Д’римерс

“Ова не е крај”-најнова песна на Д’римерс

by culturalchat

Д’римерс ја објавија нивната петта песна “Ова не е крај”. Како што беше најавено тие се на половина пат од нивниот деби албум кој ќе биде составен од вкупно десет песни.

Комбинацијата на модерен звук со ретро елементи кои се вметнати во оваа нумера, е исто така “зачинета” и со препознатлив, певлив и мелодичен рефрен. “Ова не е крај” е поп рок балада и една од песните коишто се очекува да бидат најистакнати во првиот деби албум на Д римерс.

Музиката и текстот на оваа песна се на Синиша Карафилоски, аранжманот е на Дамир Пух и Наташа Миха, а вокалот е на Јордан Џејмс Ивановски.

“Во текот на самото снимање и продуцирање на оваа песна владееше атмосфера во GreenRoom Sound студио која не може да се опише со зборови, тоа е нешто што може само да се доживее” – вели Јордан.

“Снимањето на самиот видео запис од едно обично патување се претвори во вистинска авантура која што ќе ја паметиме додека сме живи, нешто што ќе не тера во иднина да ги подигнеме нашите стандарди кога станува збор за снимање на видео записи” , истакна Синиша.

Видео записот е снимен на повеќе локации во соседна Грција (Ситонија, Солун) а за истото како и секогаш се задолжени ProCam студио. Во видеото главна ѕвезда е Росица Матеска со која што бендот планира да ја продолжи соработката и во иднина.

Д’римерс откриваат дека за брзо време ќе бидат објавени уште две песни кои што се веќе во почетна фаза на изработка, а плановите за видео записи за овие две песни се исто така во завршна фаза, нешто за кои ние ќе бидеме благовремено известени.

Песната може да ја слушнете на следниот линк:

Related Articles