Home » Отворен конкурс за учество на ЛУЗЕР ФЕСТ

Отворен конкурс за учество на ЛУЗЕР ФЕСТ

by culturalchat

Лузер Фест – вечерта посветена на новата музика од македонската сцена се враќа повторно во офф-програмата на ТАКСИРАТ како предвесник на главната вечер на Фестивалот. Речиси 20 години оваа фестивалска вечер се одржува ставајќи го фокусот на младите музички изведувачи, давајќи им можност и поттик да ги покажат своите таленти и да продолжат професионално да ја градат својата музичка кариера.

Овој конкурс е отворен само за демоизведувачи т.е. групи или самостојни изведувачи со авторска музика кои до сега ја немаат издадено во студиски албум или на било каков официјален носач на звук. Сите останати информации околу правилата на учество, се наоѓаат на онлајн формата за пријавување објавена на официјалната веб-страница нa фестивалот taksirat.mk , a која е потребно целосно да се пополни најдоцна до 25 октомври.

Потоа, од сите пријавени артисти, ќе бидат селектирани финалистите кои ќе настапат во живо на Лузер Фест. На концертната вечер ќе биде избран и победникот, заеднички според гласовите на публиката и на жирито кое пак се објавува непосредно пред одржувањето на настанот. За најдобриот следува награда – снимање и издавање на студиски албум. Албумот ќе биде снимен во професионално музичко студио, а објавен под етикетата на Пасворд Продакшн.

ЛУЗЕР ФЕСТ годинава ќе се одржува на 27 ноември во скопскиот Младински Културен Центар.

 

Related Articles