Home » Полна сала во 3Д киното во Битола за филмот „Нешто слатко“

Полна сала во 3Д киното во Битола за филмот „Нешто слатко“

by culturalchat

Македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова се главните ѕвезди на словенечката комедија „Нешто слатко“ , чија светска премиера се одржа во киното Синеплекс во Љубљана, Словенија, а викендов во 3Д киното и битолчани имаа можност да го погледнат. Коцев е копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е копродуцент од Хрватскa.

Филмот е во режија, продукција на словенечкиот стендап комичар Тин Водопивец. Истиот е приказна за познат македонски маркетинг гуру Аце Мајсторовски, кој добива покана да гостува во Словенија,а во меѓувреме го пропушта летот и од тој момент започнуваат комичните сцени во „Нешто слатко“.Сашко Коцев игра две улоги, како маркетинг гуру, Аце Мајсторовски и шанкерот Гоги.Ова е прв филм жанровска комедија за Коцев кој признава дека воопшто не било лесно да го направи.

Јелена Јованова или Каја е одговорна за проектот, односно гостувањето на Мајсторовски во Словенија, тоа е проект со кој треба да си ја спаси кариерата. По проекцијата на филмот публиката задоволна, насмеана, аплаудираше за екипата заслужна за филмот кој зборува за првата и последната шанса во животот на еден човек. Македонски партнер е „Процес К продукција“.Романтична комедија со Јелена Јованова и Сашко Коцев игра и утре во 3Д киното со почеток од 19:30 ч. Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски.

Трејлерот од филмот во продолжение:

Related Articles