Home » Поранешната Алхамбра во Битола, инспирација за новиот спот на Тамара Стојковска

Поранешната Алхамбра во Битола, инспирација за новиот спот на Тамара Стојковска

by culturalchat

Старата архитектура на Битола, честопати била „во кадар„ за бројни снимања, па така и последното видео на талентираната поп-пејачка Тамара Стојковска „Што ќе остане“, е снимено во ентериерот на еден од највредните репрезенти на таа архитектура, некогашната Солунска банка, позната како Алхамбра куќата во Битола, која по снимањето на спотот влезе во фаза на целосна реконструкција. Па така, новиот спот на Тамара ќе биде спомен за историјата како изгледаше овој објект пред неговата комплетна реконструкција.

Тамара настапувала од мали нозе на детски фестивали, по завршувањето на основното и средно музичко училиште, запишува студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, кои ги завршува и така официјално започнува нејзината професионална кариера. Позади себеси има стотици настапи како солист со Камерниот оркестар на Битола, на Битолскиот дувачки оркестар, како вокал во бендови, од кои Funk’d Up е нејзин матичен бенд со кој ја крстосува Македонија од 2019 година. Од 2019 година издава неколку синглови Друга Ѕвезда, Кажи нешто ново, Жедни, Не ме оставај. Како школуван музичар, таа настапувала со хоровите ПроАрс, Драган Шуплевски и Женскиот младински хор при МКЦ, а била и хорист со Македонската Филхармонија и Македонската Опера и балет. „Кога станува збор за градењето на мојот стил и создавањето музика, секогаш почнувам од тоа која сум јас, како се чувствувам, која емоција имам потреба да излезе од мене преку песна. Тие работи ги дискутирам со тимот што работам на старт и според тоа бираме насока во која ќе се работи новата песна. Уметноста нели е начин на изразување, и јас најкомотно се изразувам преку музиката.Обожувам кога соработувам со колеги музичари и изведувачи од било која друга уметност. Верувам дека посебна магија се создава кога повеќе уметници ќе си ја отворат душата на исто место„ – изјави Тамара за последниот нејзин проект.

Најновото остварување „Што ќе остане„ кое ја имаше својата промоција, го потпишува Коста Хаџикојчев кој е комплетен автор на новата песна на Тамара, Ѓорѓи Вацев стои позади продукцијата на видео спотот, кореографијата е на Бобан Русески, танчери се Сара Цветковска и Бобан Русески. Песната може да ја слушнете на следниот линк: https://youtu.be/w9cdwke0424

Related Articles