Home » Претставата „Божиќна песна“ премиерно изведена во Битола

Претставата „Божиќна песна“ премиерно изведена во Битола

by culturalchat
Како резултат на соработката на Културно информативниот центар Битола со Битолскиот театар, се одигра премиерата на претставата „Божиќна песна“ во режија на Јован Ристовски. „Ова е претстава за човечките вредности. Децата имаат прилика да искусат дека материјалниот свет не е цел за подобар живот, напротив дека најбитно е здравјето, почита, љубовта према ближните, пријателите. Претставата раскажува приказна за најлошиот човек на светот кој со помош на духовите на минатите божиќни празници, сегашните и идните, се променува во подобар и емпатичен човек. Хероите во оваа претстава се токму духовите кои го водат главното дејствие. Никогаш не е доцна човек да го промени својот “пат” кон подобри и повозвишени цели. Децата уживаат во ова магично волшебно театарско искуство.“, ни изјави режисерот Ристовски. Во претставата играат Александар Димитровски, Валентина Грамосли, Катерина Аневска, Петар Спировски, Живко Борисовски, Елена Моше, Кристијан Танчевски. Се работи за една од од најгледаните новогодишни и божиќни приказни, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит. Претстава која деновиве ја полни салата во Народниот театар во Битола. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографијата на Андреј Папаз Ѓоргиевски. Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во копродукција со Културен и информативен центар Битола, со поддршка на општина Битола.

Related Articles