Home » Претставата од Естонија „Бегалецот“ на Фестивалот на монодрама во Битола

Претставата од Естонија „Бегалецот“ на Фестивалот на монодрама во Битола

by culturalchat
Натпреварувачката програма на Фестивалот на монодрама продолжи со претставата „Бегалецот“, од Р.А.А.А.М. Театар Талин, Естонија, која беше изведена на големата сцена на Центарот за култура. Режиисер е Мадис Калмет, а истата беше во изведба на актерот Кристо Вијдинг. „ Бегалецот“ е имагинарен и емотивен текст на Јаан Каплински за естонскиот национален идентитет и вредности. Приказна за жедта за слобода, за зачувување на човечкото достоинство и народот. За борбата и против надворешното и против внатрешното ропство. Дали сме се ослободиле или постојано сме збунети со отров од ропската душа натопена во крвта? Синџирите на трагични настани, се разбира, нè втурнуваат во времињата од пред сто години и крепосништвото, но во генерализирана форма ја отсликува и нашата духовна слика денес. Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски

Related Articles