Home » Претстава на Стивен Фриедман ќе биде прикажана во Битола

Претстава на Стивен Фриедман ќе биде прикажана во Битола

by culturalchat

Во четврток, 23.02 со почеток во 20.30 ч.во Офицерскиот дом во Битола, гостува театарската претстава на Стивен Фриедман од САД „ PHALARIS’S BULL: SOLVING THE RIDDLE OF THE GREAT BIG WORLD“.

„ Најубаво срочена философска лекција која било кога сте ја посетиле, е напишана од Стивен Фриедман…Тој е поет, сликар, автор, учител, молекуларен биолог, но суштината на неговата потрага е одговорот на прашањето како да ја екстрахира убавината од болката… ( The New Yorker ). Топло Ви го препорачуваме овој театарско – философски перформанс и средбата со Стивен Фриедман кој е исклучителна мултимедијална личност и изведувач“, велат од КИЦ.

Гостувањето е во организација на КИЦ Битола во соработка со амбасадата на САД во Скопје и Општина Битола.

 

Related Articles