Home » Програма за сечиј вкус во Центарот за култура Битола

Програма за сечиј вкус во Центарот за култура Битола

by culturalchat
Центарот за култура-Битола оваа година ќе и понуди на публиката многубројни квалитетни настани. На прес конференцијата за медиумите, директорката Маја Андоновска Илијевски нагласи дека ресорното министерство им дало добра основа со која можат да работат на креирање сериозна културна понуда за публиката, а покрај програмата одобрена од министерството, имаат и проекти поддржани од сопствени средства. Богатата програма ќе започне викендов со два концерти насловени како „Засекогаш во срцата“, а посветени на Тоше Проески и Пепи Бафтировски. „Програмата на Центарот за култура не е примамлива само за битолската публика, туку имаме гости и од цела држава. Мојот фокус на културната понуда се однесува на тоа да дадема простор што повеќе на македонските уметници, а особено на битолските и затоа поголемиот број изведувачи кои ќе настапат на концертот „Засекогаш во срцата“ се битолчани, а некои и млади имиња се ученици во Средното музичко училиште каде што започнал и Тоше Проески“, истакна директорката. Веќе следниот викенд на големата сцена ќе настапи познатиот српски актер Иван Босиљчиќ. Тука е и концертот на Дувачкиот оркестар заедно со музичкото училиште од Битола, кој ќе понуди интересни музички теми од цртаните и филмовите. Во подготовки е и Фестивалот на монодрама кој оваа година ќе се одржи од 12-ти до 20-ти мај. „За истиот одобрени се 500.000 илјади денари, за 9. Детска работилница добивме 70.000 денари, за 48. Државна иложба обезбедени се 50.000 денари, а со веќе обезбедени средства ќе изработиме Монографски каталог по повод 40 години творештво на Дрган Најденовски и ретроспективна изложба, потоа изложба на Стефан Малбашиќ, на Мочи и фотографот Нашоку. За објавување на конкурс на македонски монодрами доделени ни се 55000 денари и сакам да го обновам она што во минатото се случувало и да ги поттикниме македонските автори да создаваат монодрами како жанр. Со овие пари ќе го распишеме конкурсот, а следната година се надевам дека ќе зборуваме и за печатено издание на најдобрите монодрами кои ќе пристигнат“, истакна Андоновска-Илијевски. Од музичко-сценската област поддржани се: „Новогодишен концерт 2023“, „Засекогаш во срцата“, концерт на бендот Џез Вез „Извезено со љубов“, Вечер со Крсте Роџевски, „Концерт на филмска музика“, „Концерт „ЕТНО СИМФОНИЈА“ 20 години професионална дејност на Благојче Трајковски, „Пепелашка“ детска балетска претстава, 15-ти Фестивал на музика од светот, „Издавање на носач на звук со наслов: “ГЛАСОТ НА ВЕЧНАТА ЉУБОВ“ Македонски музички бисери изведени на кларинет Солист: Стојан Трајковски“, „15-ти по ред Семинар за традиционална музика и игра”, „53-ти Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Related Articles