Home » Проектот „New Era”на Мицевски на 21.03 во Македонската Филхармонија

Проектот „New Era”на Мицевски на 21.03 во Македонската Филхармонија

by culturalchat

Во рамките на големиот јубилеј “30 години Авалон”, на 21-ви март, заедно со неколку познати инструментални и вокални солисти, во придружба на бенд составен од 50 академски музичари, Никола Мицевски подготвува едно одлично музичко и визуелно патување кое ги поместува стандардите и границите на македонската инструментална музика. После успешните концерти одржани во Битола и Велес, скопската публика ќе има шанса да ужива во мултимедијалното музичко патување на Мицевски во Македонската Филхармонија. Тоа беше доволна причина да поразговараме со Мицевски.

Каков предизвик е концертот во Филхармонија?

Н.М.- Голем е предизвикот да се направи, да се отсвири, да се настапи во Македонската Филхармонија. До сега сум настапувал неколку пати на таа сцена, кога ги правевме концертите со Каролина и Филхармонија, и тогаш за прв пат имав можност да напишам аранжмани за тој голем оркестар и истите тие да ги изведуваме неколку пати. Но, овој пат е уште поспецијално за мене затоа што настапувам како автор и солист изведувач. Сцената во Филхармонија секогаш дава посебна енергија и чуство, нешто за кое ние како музичари сскогаш копнееме, сонуваме.

Што за тебе значи овој концерт со оглед на тоа што е еден од проектите со кои Авалон одбележува 30 години постоење?

Н.М.- Овој концерт за мене значи остварување на еден од најголемите соништа. Навистина сум возбуден и нестрплив да излезам на сцената пред мојата публика подржан од шеесетина инструменталисти и хористи, одлични музичари, колеги и мои долгогодишно соработници. Им благодарам бескрајно на Авалон продукција што застанаа позади овој концерт со нивна комплетна организација. Уште поголема чест имам тоа што концертот е дел од јубилејната година на Авалон продукција и одбележување на истата со низа различни концерти.

Кој ќе биде гостин (гости)на концертот?

Н.М.- Како и на претходните два концерти во Битола и во Велес, така и на овој концерт, на мое огромно задоволство, гостин ќе ми биде еден од најдобрите гитаристи кај нас и пошироко, Дамјан Пејчиноски. Исто така ќе бидам придружуван од женскиот хор “Арс Нова” Коруновска, од Битола кои на битолскиот концерт ми дадоа една огромна позитивна енергија и поддршка.

Кога го споменавме албумот да проговориме збор два за истиот?

Н.М.- Албумот “New Era” претставува мое музичко видување и патување од последните 2/3 години. Се вбројува во “World music, world fusion” рамка, во која испреплетување на повеќе жанрови, епик, рок, џез, етно, симфониски, и сето тоа во служба на пијаното и уште неколки други солистички инструменти. Вистинската “големина”, амбиент, енергија,  ја доживува со концертните изведби и навистина е интересно и примамливо за публиката да го чуе тоа. Значи, нешто поразлично од стандардното кое се трудам да го доближам до публиката, иако е само инструментална музика.

Кој се грижи за стајлингот?

Н.М.- За мојот стајлинг веќе неколку години се грижи незаменливиот, еден и единствен Андреј Папаз. Како за минатите, така и за овој концрет Андреј искреира одличен костум, креација која се совпаѓа со целосната атмосфера.

Преостанатите влезници се во продажба онлајн на www.avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон во Македонија!

 

Related Articles