Home » Промовирана книгата „Споменар“ на Виолета Лазаревска

Промовирана книгата „Споменар“ на Виолета Лазаревска

by culturalchat
Во организација на НУУБ  “Св. Климент Охридски“ – Битола, денес во просториите на библиотеката се одржа промоција на книгата “Споменар” од авторката Виолета Лазаревска.
Воведен збор за настанот имаше Панде Димитровски, а делото го претстави Глигор Стојковски.
Говорејќи за оваа книга тој рече дека авторката со своите автобиографски  раскази, на читателите  им нуди приказни со необични доживувања и неочекувани пресврти, што лесно се восприемаат, пред се, поради користењето едноставна нарација.
Лазаревска пак, осврнувајќи се на своето дело, подвлече дека преку оваа книга сакала да оживее  дел од приказните кои долго време ги носела во себе.
На крајот, со видна возбуда и со многу емоции, рече: „Особена радост ми причинува што книгата ја промовираме токму во мојата родна Битола”.

Related Articles