Home » Промоција на книгата „Гимнастиката во Битола“ од Димче Миновски

Промоција на книгата „Гимнастиката во Битола“ од Димче Миновски

by culturalchat

Во Офицерскиот дом се одржа промоција на книгата „Гимнастиката во Битола“ од хроничарот и доајен на битолското новинарство Димче Миновски. Книгата го објаснува развојот и унапредувањето на физичката култура во Битола, со акцент на гимнастиката, во три периоди:турска управа 1912-1941, периодот на ослободувањето до осамостојувањето на Македонија и времето оттогаш до денес.

„Било чест и гордост во тоа време да се биде гимнастичар“, истакна Миновски и додаде:  „Битола за разлика од другите градови прерасна во вистински гиманстички центар“. „Секој период има свои спецификации, податоци и бројки. Во овој труд ги одбележуваме позначајните моменти од кои сепак можа да се проследи појавата, развојот и унапредувањето на гимнастиката, како во Република Македонија, така и во Битола“, беше истакнато на промоцијата.

На истата зборуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека оваа книга е еден продонес за спортската историја на градот, а Миновски е единствен кој го прави тоа. Рецензенти на книгата “Гимнастиката во Битола“ се Ѓуро Илиќ, Сашо Ристевски и д-р Марјан Танушевски, луѓето кои најдобро го познаваат авторот, секојневно се дружат и се дел од од најголем дел од творештвото на Миновски.

Љупчо Арнаудов претседател на клубот за гимнастика во Битола и претседател на федерацијата на гимнастички спортови во Македонија, зборуваше за важноста на оваа книга и ликот и делото на Миновски. Тој се осврна и на работата на гимнастичкиот клуб во градот,  каде Миновски е потпарол. Модератор на промоцијата беше спортскиот новинар на Тера телевизија Зоран Мишевски.

Миновски е автор кој има напишано најмногу за спортот во Битола. Во книгата има податоци за лица, настани и објекти кои ги нема во други изданија, а се значајни за историјата на Битола, а поединците кои се споменати во книгата ретко се споменуваат и се непознати за најголем број на битолчани. Се зборува за личности кои се најзначајни за развојот на гимнастиката во Битола, кои се првите победници во машка и женска конкуренција, кои се најуспешните гимнастичари, или за тоа како книгата го објаснува развојот и унапредувањето на физичката култура во Битола, со акцент на гимнастиката. Оваа  е 6 -та книга по ред од спортот, а Миноски има напишано вкупно 21, книга. Покрај историјата на спортовите во Битола, боксот, ракометот и гимнастиката, има и романи кои го обработуваат средниот век во Битола, одбраната на Битола од Турците, како и авантуристички романи.

Related Articles