Home » Промоција на книгата „Чудесен дар во годишен календар“

Промоција на книгата „Чудесен дар во годишен календар“

by culturalchat
Денес во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола беше промовирана прекрасната книга за деца „Чудесен дар во годишен календар“ од писателката м-р Ели Маказлиева, книга наградена со престижната награда „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца  во 2022 година.
Настанот беше отворен со трибина на тема „Развивање љубов кон книгата кај децата“ на која кратко за важноста и како да ја развиеме љубовта кон читањето зборуваа д-р  Христо Петрески, проф. д-р Кристина Николовска и м-р Ели Маказлиева.
Потоа со песничка од книгата„Чудесен дар во годишен календар“ се претставија децата од градинката „Мајски цвет“ под водство на нивната воспитувачка Татјана Грегова.
Промотори на денешениот настан беа д-р  Христо Петрески претседател на Друштвото на писателите на Македонија, писател, издавач, добитник на бројни награди и проф. д-р Кристина Николовска – редовен професор, претседател на Собранието на ДПМ, автор и добитник на бројни награди.
Тие во кратки црти зборуваа за книгата која оваа година ја понесе престижната награда „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца 2022 година.
За крај повторно децата од градинката „Мајски цвет“ изведоа музичка нумера.
Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола м-р Бојан Стефановски да му ја врачи наградата за „ Роднокраен автор за 2022 година“ на д-р Христо Петрески.
„Книгите се нашето најголемо богатство. Затоа писателите на книги особено за книги за деца како што беше гостинката м-р Ели Маказлиева се клучните промотори на пишаниот збор. Зошто љубовта  кон книгата треба да се гради од најмала возраст.
На авторката и посакуваме уште многу успеси и награди и за брзо ја очекуваме со ново дело“, истакнуваат од Библиотеката.

Related Articles