Home » Промоција на Stages of love на КОД 369 во Скопје

Промоција на Stages of love на КОД 369 во Скопје

by culturalchat

Во саботата на 08.10.2022 во Аудиокултура во Скопје се случи промоцијата на албумот Stages of Love на рок составот CODE 369. Ова беше настан за публика која знае да ја препознае и доживее прекрасната музика и квалитетниот звук на уникатната опрема од производството на Аудиокултура.

Во топлиот и преполн амбиент на прекрасното катче, за музичките сладокусци беа презентирани пред се албумот Stages of Love на рок составот CODE 369, но и снимки во живо од нивните настапи во студијата на Кроација рекордс во Загреб и нивниот маркантен настап на фестивалот Славонија фест CMC 200, кој ги освои симпатиите на публиката и перата на критичарите со својот космополитски звук и високо ниво на изведба.

Имено после промоцијата на деби-албумот во Хрватска,  КОД го промовирааа официјалниот видео запис за песната „ Вистинска љубов “( Права љубав), кој беше снимен веднаш по потпишувањето на договорот со Кроација рекордс во Загреб. Песната зборува за безвременоста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста. Албумот „Stages of Love“ содржи дванаесет песни, а тоа е првиот албум што го создадоа и снимија под името „Код 369“.

„ Првиот албум на поп-рок бендот тежнее кон зачинување на песните со дисторзии, прогресивни делови и трип хоп допири и е едно од најдобрите изданија на најголемата издавачка куќа во тековната година“, велат хрватските музички критичари.

Хрватското дискографско здружение го смести албумот на Код во топ 5 кои дефинитивно треба да се чујат. Петгодишниот ексклузивен издавачки договор со „Кроација Рекордс“ беше потпишан ова лето, после што КОД интензивно почнаа да ја освојуваат хрватската музичка сцена.

„Код 369“ се формирани во 2020 година, членови на групата се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали),  Коста Стеваноски (бас гитара, клавијатури). Албумот ќе се продава во изложбениот салон-клуб Аудиокултура, за Македонија, како и во сите продавници на Кроација рекордс пошироко низ регионот.

Фото: Стефан Рајхл & Баже Ангеловски.

 

 

 

Related Articles