Home » Проф. д-р Марјан Танушевски донираше книги во библиотеката во Охрид

Проф. д-р Марјан Танушевски донираше книги во библиотеката во Охрид

by culturalchat

Проф. д-р Марјан Танушевски ја посети НУ Библиотеката „ Григор Прличев“ во Охрид. На средбата со директорот м-р Милчо Јованоски, Танушевски се интересираше за развојот на истата , како и за новите библиотекарски трендови. Тој донираше примероци од неговите дела. Со донацијата на д-р Танушевски, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе може да се изнајмат и прочитаат следните негови авторски дела:

„Битолски хорологион“ (2021), Монографија „60 години ДНУ/МНД – Битола 1960 – 2020“, (2020), „Лобирање во културата, Конзулската дипломатија во Битола“, (2018), „Нов практичен водич за лобирање“, (2016), Manual for Transparent Lobbying of the Civil Organizations, (2014),„Прирачник за транспарентно лобирање на граѓанските организации“, (2014), „Лобирање во локалната самоуправа“ (2009).

Директорот Јовановски  го изрази задоволството од посетата на д-р Танушевски, негов колега, новинар и публицист и истакна дека библиотеката се стреми да ја продлабочи соработката со научната и стручна фела во интерес на консументите – читателите.

Танушевски, освен со новинарство, се занимава и со научно-истражувачка и публицистичка дејност и е избран за надворешен соработник на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, АНУБИХ – Сараево и како вонреден професор на Бизнис-академијата Смилевски, БАС – Скопје.

Редовен член е на МНД-Битола (2009),  ја вршел функцијата претседател на Уредувачки совет на МНД-Битола (2014-2016), а во периодот 2016-2020 година, во два мандати проф. д-р Марјан Танушевски ја врши функцијата претседател на Македонско научно друштво-Битола.

Автор е на 11 книги, 1 аудиокнига, 1 монографија, а приредил и 1 самостојна изложба на документи и фотографии со наслов „Наши години“.

Во професионалната кариера е наградуван со: Гран при награда – „Денови на Македонско радио“, Струга (1997), прва награда, „Документарна програма“- „Денови на Македонско радио“ (1997), плакета на МНД – Битола за афирмација на научната мисла (2010), новинар на годината, „Битолски весник“ (2011), Претседателски медал LCI „Европа форум Скопје“ (2018), Кристална коцка, за развој и афирмација на Македонско научно друштво – Битола (2020).

Извор: Национална Установа Библиотека “Григор Прличев“-Охрид.

Related Articles