Home » Работилница за одбележување на католичкиот и православниот Велигден

Работилница за одбележување на католичкиот и православниот Велигден

by culturalchat
Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Француската Алијанса од Битола и ООУ “Даме Груев“ – Битола денес  заеднички го одбележаa празнувањето на католичкиот и православниот Велигден.
Следната недела ќе се одбележи и празникот Бајрам.
„Учениците од различни религии имаа можност да научат како се прославува Велигден, научија за католичкиот Велигден на македонски и на француски јазик преку квиз и награди, заедно боевме јајца и на крај имавме мала авантура низ Библиотека да бараме каде ни се скриени малите чоколадни јајца. Декорираните јајца се изложени во холот на библиотеката“, изјавуваат од библиотеката.
Мултикултурализмот и адресирањето на меѓу етничките односи во нашето општество претставуваат основа за меѓусебното разбирање и градењето на кохезивно општество.
„Со оваа работилница сакаме да упатиме јасни пораки за соживот и заемна почит меѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба на сите ученици од различни религии. Заедничките чествувања на празниците имаат за цел да се надминат разликите, да се почитуваат традициите, културата, обичаите, да се дружиме, да има повеќе комуникација, а преку тоа да има и поголема безбедност и доверба помеѓу граѓаните“, се вели во соопштението на крај.

Related Articles