Home » Реномираната пијанистка Марија Вршкова настапи во Турција

Реномираната пијанистка Марија Вршкова настапи во Турција

by culturalchat

Реномираната пијанистка Марија Вршова одржа концерт во Истанбул, Турција заедно со турската виолинистка Наз Ирем Туркмен. На програмата беа дела од Григ, Чајковски, Сарасаре и други. Вршкова со младата виолинистка се запознале на интернационалниот натпревар „Охридски бисер“, минатото лето, во Охрид .

„ Кога заврши натпреварот, нејзината мајка ме контактираше да се најдеме , и кога се видовме ми побара телефонски број, затоа што дотогаш комунициравме само по маил и месинџер,  ми понуди соработка, а потоа и идејата за овој концерт во Истанбул. Ова ни е втор концерт во Турција, од кој еден е во Бодрум, и нема да застанеме тука. Инаку , тие се едно прекрасно семејство, бабата е со потекло од Македонија, семејство  какво што гледаме по турските серии“, ни изјави Вршкова.

А за соработката рече: „Соработката ни е фантастична, овај концерт , со грандиозна програма се подготви за 4 проби.Таму се чувствував како дома, цело време се гриежеа за се. Овој концерт ми докажува дека ако со љубов работиш и ако професионално си посветен до максимум ваква соработка кога тогаш , ќе се случи.Преку овој концерт јас имам можост да се запознаам со целата култура на современите Турци.Од храна до обичаи до се друго“.

Овај концерт беше во рамките на фестивалот кој го организира Суреја операта. За крај Вршкова ни изјави дека има огромна желба да ја донесе младата и талентирана виолинистка пред љубителите на класичната музика во Македонија .

„Еве еден апел до Битолско лето, за уште еден грандиозен млад уметник да биде донесен во Битола да настапи пред битолската публика“.

Инаку младата и талентирана виолинистка Наз Ирем Туркмен важи за една од најталентираните млади музичари во Турција. За тоа говорат и наградите Гран при и „Специјалната награда за исклучителна личност “ на меѓународниот натпревар за виолина во Одеса во 2018 година во Украина, прва награда на 12-тиот меѓународен натпревар за млади виолинисти Grumiaux во 2019 година во Белгија. Како најталентиран млад  музичар во Турција добитник е на стипендија од иницијативата „Млади музичари на светските сцени“на Гихер и Сухер Пекинел, светски познатите пијанисти близнаци од Турција. Како дел од оваа стипендија, Наз исто така доби виолина од 18 век.

Таа живее во Истанбул и посетува Истанбулски државен конзерваториум со паралелни студии на академијата во Минхен, додека го продолжува своето академско образование во американското средно училиште Ускудар во Истанбул.Продолжува со своите концерти во Турција со најважните оркестри како што се Државниот симфониски оркестар на Измир, оркестарот Џемал Решит Реј, Државниот симфониски оркестар на Ескишехир, Државниот балет и опера на Истанбул и филхармонијата Борусан во истакнати концертни сали, паралелно со нејзиното образование.

Марија Вршкова минатата година во рамките на 45.издание на Денови на македонска музика заедно со виолинистот Владимир Костов ја доби наградата „Георги Божиков“која Сојузот  на композитори на Македонија ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година.

Таа е родена во Битола каде го завршува основото и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност–Скопје со највисоката оцена na nivo na univerzitet – “CUM LAUDA” вокласата на проф. Т. Светиев каде ги завршува и магистерскитe студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а најзначајна меѓународна наградата е  Трета награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим–Италија.

Неколку пати е единствен претставник на Македонија во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Вршкова има посебен афинитет кон современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистичкит ехники. Реализирала преку 50 светски премиерни изведби на солистички и камерни дела, не само од македонски, туку и од странски автори. Како солист и камерен музичар настапувала во Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, ВеликаБританија, Украина, Италија, Бугарија, Русија,Америка, Бугарија,Србија, Австрија, Англија,Грција. Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните фестивали во Македонија како , Охридско Лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености. Како врв на уметничката дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири,на интернационалниот натпревар Охридски бисер, 2009-та година, како и трите награди Виртуози, за музички изведувач, 2013-та година, Камерен состав 2015-та година и Камерен состав 2016-та година. Марија Вршкова во моментот работи како доцент при ФМУ Скопје .

Related Articles