Home » Се одржа проектот „ Стоп насилство, стоп молк“ во Битолското музичко училиште

Се одржа проектот „ Стоп насилство, стоп молк“ во Битолското музичко училиште

by culturalchat
Оваа недела, во Државното музичко училиште од Битола музиката се спои со театарот. Повод за импресивниот спој на уметностите изразен преку актерските и музичките способности на учениците од средното училиште, беше проектот на Советот за превенција од детско престапништво – Стоп за насилство, деликвенција, престапништво, при Советот за превенција од детско престапништво на Општина Битола, чиј член од оваа година е и нашето училиште, во групата “Од млади за млади”.
Темата на проектот беше Превенирање од секаков тип на негативно – општествени појави во кои младите денес, многу лесно запаѓаат, за жал, во ова време-невреме – насилство, булинг, злоупотреба на психотропни супстанци и сѐ што е нус појава на претходно кажаното. Замислата за пренесување на пораката до младите и возрасните, координаторот на тимот во проектот, психологот Нина Тасевска, одлучи да  биде нестандарден, па благодарение на ентузијазмот на сите вклучени, ученици и наставници, пораката беше пренесена со музика, глума на текст искреиран од сите – музичко-театарски перформанс.
„Случувањата во соседна Србија, уште повеќе ни го освестија и потенцираа револтот и потребата од крик, сега не веќе толку тивка, туку потребна ни е  гласна и моќна револуција – револуција за поголема грижа за менталното здравје на децата“, истакнуваат од музичкото училиште.
На 3.5.пораката ја слушнаа учениците и колективот од Државното музичко училиште од Битола, а денес и утре ќе ја испратат до сите основни, средни училишта и надлежни институции за оваа проблематика.
„Да почнеме од нас, да почнеме денес – стоп за насилството, стоп за молкот“, додаваат на крај.

Related Articles