Home » Средба на семејството на Коле Канински со учениците во истоименото училиште

Средба на семејството на Коле Канински со учениците во истоименото училиште

by culturalchat

По повод патрониот празник на ОУ. Коле Канински, секоја година во училиштето покането е семејството на Канински кое живее во Белград. Тоа се синот Стево и ќерката Мима. 

Ќерката Мима денес имаше средба со учениците од  трето три одделение . Учениците беа изненадени и возбудени од средбата, поставуваа прашања: Колку години има сега ќерката(84)? Колку години имала кога го загубила својот татко? ( 6 год.) Каде живее сега?( Во Белград) , Каков бил нејзиниот татко? „Добар, беше правник, многу ги сакаше децата“, одговори Мима.

Таа заедно со својата ќерка Марија низ смеа им одговараше на возбудените деца кои цело време беа околу неа и љубопитно прашуваа. Пред да се направи заедничката фотографија, Мима им се заблагодари на учениците и наставничките затоа што го продолжуваат споменот на нејзиниот татко кој многу го сакаше својот роден крај.

На средбата од училиштето присуствуваа помошник директорката Лидија Недановска и одделенската наставничка Лидија Павловска.

Related Articles