Home » Српската монодрама „ Чучук Стана Србинка и Гркинка“ изведена во Битола

Српската монодрама „ Чучук Стана Србинка и Гркинка“ изведена во Битола

by culturalchat

На 24. Интернационален фестивал на монодрама во Битола беше изведена  претставата од Србија, „Чучук Стана – Србинка и Гркинка“ на Народниот Театар на Тимочка Краина „Зоран Радмиловиќ“, Заечар, Србија на Сцена на НУ Народен театар – Битола . Автор и режисер на претставата е Жељко Хубач, а истата беше во изведба на актерката Наташа Петровиќ. Чучук Стана не е само српска хероина од времето на побуната против Турците, туку и жена која со своето однесување и што е уште поважно со нејзините постапки, поставила основи на она што денес го нарекуваме феминизам.

„Во суштина, Чучук Стана за мене е првата српска феминистка и нека ме поправат историчарите доколку постоеле слични примери во подалечната српска историја. Ова е приказна за нејзиниот живот и борбите за време на востанието и после него“ истакна актерката.

Фотографии: Диоген Хаџи Коста Милевски  

Related Articles